Контакт телефон : 078 518 829

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ​

ТРИУМФ Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страница во согласност со следните услови на користење. Овие услови се применуваат на сите содржини и услуги на веб страницата www.triumph.com.mk.

Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови и дека ги прифаќате. Доколку го користите било кој дел од нашиот портал, се смета дека прифаќате дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

Податоци за фирмата

Триумф го сочинуваат следните правни лица:
  • Триумф Стил ДООЕЛ Битола, Широк Сокак бр 52, Битола, Македонија, (ДБ: МК4002022565343)
  • Триумф Плус ДООЕЛ Битола, Рузвелтова бр 4, Битола, Македонија, (ДБ: МК4002016545136)
Триумф
  • Адреса: ШИРОК СОКАК бр 52, 7000 Битола 
  • Тел: + 38972251263
  • email: contact@triumph.com.mk
  • WEB: www.triumph.com.mk
  • Шифра на дејност: 47.71 трговија на мало со облека во специјализирани продавници

Вовед

Почитувани корисници,

Ве молиме внимателно да ги прочитате следните услови пред користење на нашите услуги. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со нив. Доколку овие услови за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.

Согласност со условите и нивна промена

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

Општи одредби

ТРИУМФ ги поседува авторските права на сите содржини и ги користи со писмена дозвола од носителот на авторските права и правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, или какво било прилагодување на овој веб-сајт без изречна писмена согласност од ТРИУМФ е строго забрането. Прекршувањето на овие општи услови може да доведе до покренување на граѓанска постапка и/или гонење за прекршување на авторските права, заштитниот знак и правата на интелектуалната сопственост.

ТРИУМФ ја администрира оваа страница од своја посебна канцеларија за таа намена во Битола, Македонија.Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и сте одговорни за почитување на важечките закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

ТРИУМФ може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови, бидејќи тие се обврзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на оваа веб страна. 

Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ќе ги споделувате до нашата веб страна  www.triumph.com.mk. за купување на производи ќе бидат употребувани исклучиво  во согласност со законите за заштита на приватноста.Строго е забрането праќање или пренасочување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина. Вашите лични податоци ги користиме согласно нашата политика за заштита на приватноста, само за интерна употреба. Оваа употреба е единствено за процесот на припрема  на вашите нарачки.

Линкови кон други веб страни/социјални мрежи

Линковите кон другите веб страни и социјални мрежи  се поставени исклучиво со цел да ја олеснат работата. 

Креирање на кориснички профил

За да купувате од нашата веб страница, може, но не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашиот емаил ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Избор на производи

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија бренд или според категорија вид на производи: машки, женски. Со избор на брендови се отвара паѓачко мени со листа на сите брендови достапни во онлајн продавницата. Со избор на производи машки, женски се отвора паѓачко мени со секции: облека и модни додатоци и соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, боја, вид на производ, тип, големина и цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле “ПОВЕЌЕ”. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да го видите неговиот состав и да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 3.000 денари, испораката е на трошок на купувачот е во износ од 150-180 денари, во зависност од габаритноста на производот. Пратките се праќаат исклучиво до градовите на Македонија.

Плаќање

Секоја нарачка може да биде платена на два начина:

Во готово, при испорака, лично на доставувачот или Преку вашата банкарска сметка, дирекно на нашата сметка, при што ќе треба точно да го наведете бројот на вашата нарачка, за да избегнеме било какви недоразбирања.

Испраќање

Сите пратки ќе бидат соодветно спакувани од наша страна  и испратени преку карго достава до адресата која ќе ја наведете како адреса за достава. За беспрекорна и навремена испорака треба да наведете точни податоци : име, телефонски број, град и адреса на која треба да биде извршена доставата. Трошоците за достава во моментов се движат од 100 – 150 денари по пратка и ги плаќате при подигање на пратката во готово, на доставувачот. Трошоците за достава ќе бидат на ваша сметка, освен ако не е поинаку наведено во моментот на креирање на нарачката. Конечно направената и испратена нарачка, не може да биде откажана.

Сугестии и забелешки од потрошувачи

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на contact@triumph.com.mk

Ажурирање...
  • Нема производи во кошничка.